Петмина починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа

by fokus

Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 75 заразени со Ковид-19. Во истиот период се регистрирани и петмина починати.

-Починати се 5 лица, пациент од Скопје (52г.), два пациенти од Куманово (55 и 82г.), пациент од Гостивар (62г.) и пациент од Охрид (64г.) Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички, информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.202, бројката на оздравени пациенти е 7.108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.589.

Поврзани новости