Пет нови случаи на Ковид-19 во Тиквешијата

by fokus

Три лица од Кавадарци, едно од Росоман и едно од Неготино се новорегистрирани како позитивни на корона вирус во тек на денешниот ден, информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци.

За случаите од Кавадарци, станува збор за две жени и еден маж, кои биле во контакт со веќе позитивен пациент, член на нивното семејство. Мажот од Росоман, на возраст од 46 години, како и мажот од Неготино, на возраст од 36 години, кој работел во Скопје, не знаат како се инфицирале.

-Сите пациенти се со симптоми и остануваат на домашно лекување. Лицата се од 33 до 50 години, работиме на утврдување на нивните контакти – изјавија од ЦЈЗ Кавадарци.

Во Кавадарци досега се инфицираа 205 лица, а активни се 34 случаи. Во Неготино пак, се инфицираа 50 лица, а активни се 5 случаи.

Вики Клинчарова

Поврзани новости