Границите со Грција остануваат затворени и во следните две недели

by fokus

Одлуките за привремено ограничување на копнените граници со Северна Македонија, Албанија и на Турција, како и за забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, Грција ги продолжи до 30 септември, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за двете министерски одлуки, кои во изминатите месеци се продолжуваа на секои две седмици.

Во однос на копнените граници, ограничувањата, „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија“ се за временскиот период од 16 до 30 септември 2020 година и се однесуваат патните и железничките поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и на Турција.

За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето.

Од останатите гранични премини што се отворени, односно Какавија и Кристалопиги кон Албанија, Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, Нимфеа кон Бугарија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со негативен ПЦР тест.

Поврзани новости