Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти кои биле заразени од корона вирусот.
Оздравените се од: Скопје-5, Куманово-12, Прилеп-9, Велес-12, Битола-2, Кавадарци-1, Крушево-1, Неготино-2.
Бројот на нови заболени е 13, а двајца пациенти починале во изминатите 24 час.
Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.539 , бројката на оздравени пациенти е 1.057, на починати е 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примен е 1 пациент, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација 3 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 17. На респираторна машина е 1 пациент, а уште 4 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат 3 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент.
Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 3 се следат на домашно лекување.
На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на ковид-19.