Отштета од 65.000 евра за обвинетиот во „Монструм“ кој 2 години беше во притвор, а доби ослободителна пресуда

by fokus

Сејди Рами, кој во 2012 година беше уапсен како дел од групата која го извршила петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, помина повеќе од 2 години во притвор, или точно 750 дена, соочувајќи се со доживотна казна затвор.

Сепак, летото во 2014 година, Рами доби ослободителна пресуда, бидејќи судот не пронајде цврсти докази кои укажуваат на негова вина.

За сето она што го преживеал, овој скопјанец од државата побарал 5,1 милион евра отштета, но првостепениот суд му одреди вкупна сума од 65.040 евра, или по 87 евра од ден.

– Со пресудата задолжен е тужениот по основ надомест на нематеријална штета за претрпени душевни болки поради неосновано лишување од слобода да му плати на тужителот износ од 4.000.000 денари со законска казнена камата од денот на пресудувањето – 22.01.2019 година, од Основниот суд Скопје 2 за „Фокус“.

Како што не информираат од судот, оваа пресуда сѐ уште не е правосилна, односно се наоѓа во жалба пред Апелација.

Повеќе за овој случај, но и уште многу други случаи за луѓе кои по грешка лежеле со месеци во притвор, прочитајте во најновиот број на „Фокус“, кој е достапен и во електронска форма.

Валентина Вурмо

Поврзани новости