МНР: Грчкиот слоган „Macedonia the Great“ ја подрива меѓусебната доверба

by fokus

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја промовира ознаката Macedonia the Greate за производите од грчкиот регион Македонија на економскиот самит во Солун на 14 ноември 2019.

Македонското Министерство за надворешни работи за Радио Слободна Европа вели делкака не било информирано за грчката намера за изготвување или за промовирањето на маркетиншкиот слоган Macedonia the Great.

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија цени дека ваквиот унилатерален приод кон решавање на прашања, кои, согласно Преспанскиот договор, треба да бидат регулирани заеднички од страна на деловните заедници, не е најсоодветен пристап кон почитување и имплементацијата на обврските од Договорот. Ние цениме дека на ваквите прашања треба да им се пристапува преку дијалог и со советодавна и експертска асистенција на Меѓународната група експерти за комерцијалните имиња, трговските марки и заштитни знаци.

Унилатералеиот пристап може да доведе до подривање на меѓусебната доверба и да има негативно влијание врз досегашните напори и постигнати резултати меѓу двете држави, кои претставуваат пример за надминување на билатералните предизвици. На пристапот применет во Преспанскиот договор, од страна на меѓународната заедница, се гледа како потенцијален модел за надминување на отворени прашања меѓу други држави“, изјавиле од МНР за Радио Слободна Европа.

 

Поврзани новости