Османи за нон-пејперот од Франција: Со новата методологија да се определи и датум за почеток на преговорите

by fokus

Вицепремирот Бујар Османи смета дека забелешките на францускиот претседател Макрон во областа на судските реформи не важат за земјава, а она што било досега сработено, вели тој, не може да се негира.

-Тоа не може да се негира затоа што тоа е европското законодавство, тоа се завршени работи и мора да продолжиме натаму. Тоа што е важно е владеењето на правото, правната држава или поглавјата 23-24. Тие сега ќе бидат постојани во новите полиња, од преговорите до полноправното членство, но со тоа што да се гарантира одржливост и по пристапувањето во ЕУ. Тоа е затоа што некои земји по пристапувањето некако се релаксираат“, вели Османи за Алсат.

Османи вели дека е особено важно со одобрувањето на новата методологија за проширувањето, да се определи датум за почеток на преговорите.

„Важно е Европскиот Совет при одобрувањето на оваа методологија да го одобри започнувањето на преговорите. Тоа е многу важно да се надоврзе. Доколку постои дисконекција меѓу методологијата и почетокот на преговорите, тоа нè носи кон нејасен пат. Фактот што се потврдува полноправното членство како единствен пат, фактот дека процесот е започнат и оти се достапни структурни фондови, тоа е нешто ново и позитивно за земјата“, додава Османи.

 

Поврзани новости