Во последните 24 часа регистрирани се нови осум заразени од корона вирусот во гостиварскиот регион, објави МИА повикувајќи се на информациите на меѓуопштинскиот кризе штаб за Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше.
Два случаи се регистрирани во Гостивар, а шест во општина Врапчиште -два во селото Добри Дол и четири во Неготино Полошко.
До денеска на поширокото гостиварско подрачје има дваесет активни случаи (девет во општина Гостивар и 11 во општина Врапчиште). Во најмалубројната општина Маврово и Ростуше изминатава недела нема регистриран заболен и нема активни случаи.
Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се 438 тестирања, а од нив 41 лице имаа позитивни резултати. Најмногу се во општина Врапчиште 20, во Гостивар 19 и два во Маврово Ростуше. Досега излекувани се 18, меѓу кои има и пет медицински лица.
Од последици на ковид -19 во гостиварско починаа три лица.
Министерството за здравство се уште не ги објави најновите бројки за новозаразени во земјава. Изминатите денови е регисттриран зголемен број случаи поради што во неколку општини е воведен 80-часовен карантин, а во останатите делови дневни реструкции во движењето.