Палчо по 8 месеци повторно е на слобода во Хрватска

by fokus

Бизнисменот Љупчо Палевски- Палчо, кој во септември беше приведен на белградскиот аеродром на пат кон Москва, по 8 месеци е повторно на слобода.

Тој беше уапсен по потерница на Хрватска, за некаков наводен долг на негова фирма во оваа земја, а денеска на фејсбук напиша дека е повторно на слобода.

„Србиве ме носеа на суд во Хрватска, а Хрвативе за 10 дена ме пуштија раат. Јустијана на Балканов е класична к**ветина“, напиша Палески на фејсбук.

Палчо беше осомничен во една од предистрагите на СЈО “Никола Тесла”, поради што во неговиот дом беше направен претрес. Наводно беа пронајдени “бомби”, но случајот досега нема завршница.

Поврзани новости