Османи со демант за веста дека се сретнал со Груевски во Будимпешта, реагира на прозивката на Изет Меџити

by Fokus

Македонскиот министер за надворешени работи, Бујат Османи демантира дека се сретнал со екс премиерот Никола Груевски во Будимпешта.

Османи демантираше на Фејсбук по вчерашната прозивка од лидерот на Демократско движење, Изет Меџити.

Меџити на ФБ напиша:

„Јавно прашање за Бујар Османи: дали беше на службена или приватна посета во Будимпешта кога се сретна со Никола Груевски?“

Во демантот на Османи се вели:

„Еднаш рекоа дека се сретнал со Али Ахмети, па рекоа – не, се сретнал со Артан Груби, сега јас сум се сретнал со него! Можеби од четврти пат ќе погодат!“.

Поврзани новости