Осма жртва од корона вирусот во Албанија, пациентот добил инфаркт

by fokus

Во Инфективната клиника во Тирана почина пациент од Фиер, кој пред два дена бил хоспиталзиран со дијагностициран „Ковид19“.

„Пациент на 66-годишна возраст од Фиер, позитивен на корина вирус утрово ненадејно почина од инфаркт. И покрај максималните напори на лекарите тој не успеа да преживее. Пацентот боледуваше и од други болести, соопшти Минстертвото за здравтсво.

Пациентот од Фиер е осмата жртва од коро наврус во Албанија и втора во изминатите 24 часа.

Со вчерашните соопштени податоци, во земјата бројот на заразените од Ковид-19 изнесува 174. Досега 17 лица од заболените се излекувани, но остануваат во домашна изолација во период од 14 дена.

Поврзани новости