Опожарено возилото на екс директорот на БЈБ, Љупчо Тодоровски – Радникот

by Fokus

Во раните утрински часови било опожарено возилото на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски – Радникот, неофицијално дознава „Фокус“.

Според информациите во полицискиот билтен, утринава во 05.55 часот во Единицата за информирање и командување-Скопје, од страна на  Бригадата за против пожарна заштита,  добиена била пријава дека на бул. “Јане Сандански“ на паркинг пред Трговскиот центар “Три бисери“ има опожарено патничко возило “Нисан навара“ со скопски регистарски ознаки, кое според евиденцијата на МВР е сопственост на А.С. (62) од Скопје, но во меѓувреме било продадено на Љ.Т. (59) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости