Каевски: Претседателот на комисијата ми тврди дека требало да има слобода на говор, но јас сметам не и говор на омраза

by Fokus

Откако во јавноста „пукна“ скандаот за стихозбирката „Млади поети“ во која во дел од песните се шири говор на омраза, дискриминација, сексизам и албанофобија, со реакција излезе директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски.

Тој го осудува начинот на кој се шири говор на омраза во песните, но тврди дека иако чувствува морална одговорност и се извинува на јавноста, сепак нема да поднесе оставка.

„Јас како директор на Агенција за млади и спорт чувствувам морална одговорност и се извинувам. Јас ги утврдив чекорите како треба да се имплементира целиот проект, но не и содржината. Ќе ја детектирам вината и ќе излеземе со став по тоа прашање – истакна Каевски.

Тој додава дека веќе разговарал со претседателот на комисијата, кој му тврдел дека не сметале дека треба да прават селекција на песните.

„Претседателот смета дека тие не требале да прават селекција и дека секој има право на слобода на говор. Треба да има слобода на говор, но не тој да содржи говор на омраза и јас со тоа не се соогласувам. Комисијата, лекторот и издавачката куќа морале да ме известат за содржината во збирката од 44 песни. Ги повлекуваме сите печатени изданија. Нема повеќе место за говор на омраза и дискриминација – вели Каевски.

Според него, ќе биде направена истрага и ќе се утврдат виновниците, кои мора да сносат одговорност за настанатите пропусти.

Овој проект чинел 152 илјади денари.

Поврзани новости