Околу 300.000 цивили од Мариупол чекаат евакуација

by fokus

Хуманитарните коридори за евакуација на цивили од украинските градови, сè уште не функционираат, информираше денеска украинската вицепремиерка Ирина Вересчук, јавија британски медиуми.

Како што таа нагласи, на околу 300.000 цивили им е потребна евакуација од југоисточниот пристанишен град Мариупол, што е нападнат од руските сили.

Вересчук додаде дека претставници на Обединетите нации се приклучиле во преговорите.

Поврзани новости