Од наредниот месец македонските возови нема да сообраќаат надвор од државава

by fokus

Единствените меѓународни возови кои еднаш дневно сообраќаа на релациите Скопје-Белград и Скопје-Солун од почетокот на следниот месец се укинуваат.

Меѓународниот воз “Хелас експрес” кој сообраќаше еднаш дневно кон овие дестинации, ќе престане да сообраќа по 30 септември.

Причината поради која се укинува железничкиот сообраќај официјално не е објавена на веб-страницата на Македонски железници.

Поврзани новости