Од корона вирус почина секретарот во српското Министерство за животна средина

by Fokus

Денеска почина државниот секретар во Министерството за животна средина на Србија, Бранислав Блажиќ кој беше позитивен на корона вирусот.

Ова за „Блиц“ го потврдиле и претставници на српското Министерство за животна средина.

Блажиќ е од Кикинда, град кој е едно од жариштата на епидемијата на корона вирусот во Србија, но со години живее и работи во Белград. Тој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Белград.

Тој е еден од основачите на Српската напредна партија и член на претседателството на СНС.

Поврзани новости