Облачно утро, а попладне дожд

by fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно претпладне.

Уште од ноќта ќе дува претежно умерен ветер од југозападен до југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Во Скопје денеска променливо облачно, претпладне со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Според прогнозата на УХМР, во сабота не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има локален дожд.

Во недела пак, облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни и поројни и понекаде со појава на грмежи.

Поврзани новости