Обезбедувањето и полицијата на распит поради инцидентите во Собрание

by fokus

Денеска и во текот на утрешниот ден лица од собраниското обезбедување и припадници на полицијата се повикани да дадат исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Неофицијално, на почетокот на јули се очекува да даде исказ и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.

На крајот на минатиот месец, скопското обвинителство им ги предаде списите за предметот на обвинителите од Одделот за организиран криминал и корупција бидејќи увиделе дека постои организираност на дел од инволвираните. Дел од одговорите се наоѓаат и во работниот извештај на МВР за настаните од 27 април. Не е исклучена можноста пратениците кои веќе дадоа исказ, повторно да бидат повикани.

Поврзани новости