Новиот вид на коронавирус ќе биде доминантен во целиот свет, тврди британски научник

by fokus

Британскиот професор по медицина на Универзитетот Ливерпул и член на советодавното тело за итни ситуации Калум Симпл оцени дека новиот вид на коронавирус, кој се шири низ Велика Британија, најверојатно ќе стане доминантен во целиот свет.

Тој истакна дека новиот вид има предност стекната со еволуирање побрзо да се шири кај човечката популација, па на тој начин ќе ги потисне другите видови на коронавурус и природно ќе стане доминантен, пишува лондонски „Гардијан“.

– Колку повеќе ќе се зголемува стекнатиот колективен имунитет, толку ќе биде поизвесна појавата и развојот на новите видови на коронавирус. Тоа не е изненадување за нас бидејќи секоја година се бориме со вирусите, укажа професорот Симпл.

Поврзани новости