МАНУ за новиот концепт: Системско и посебно изучување на македонскиот јазик и историја

by fokus

Транспарентно, стручно и целисходно водење на сите реформи на образованието во нашата држава.

Ова се заложбите на претседателството на Македонската академија на науките и уметностите кои испратија соопштение за новиот концепт за образование којшто го најави Министерството за образование и наука.

– Систематско и посебно изучување на македонскиот јазик и македонската историја, укажувајќи на научниот факт дека македонскиот народ зборува на македонски јазик, веќе со векови, на територијата на нашата држава и надвор од неа;
-динамична рамнотежа меѓу математиката, природните и техничките науки, од една страна, и општествените и хуманистичките науки, вклучувајќи ги етиката и моралните вредности, од друга страна;
-континуиран (на подолг период и без прекин) инклузивен и одржлив економски раст на Македонија, пишуваат од МАНУ во соопштението.

Поврзани новости