Нови владини уредби: Нема надоместоци на плата во јавниот сектор, ослободените работници го губат одморот

by Фокус
На денешната седница Владата донесе Уредба со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.
Воедно, Владата донесе Уредба согласно која вработените во јавниот сектор кои се работно ангажирани за времетраење на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус КОВИД – 19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година може да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и врз основа на одобрение на раководното лице на институцијата.
Патем, Уредбата утврдува дека на вработените во јавниот сектор кои се ослободени од извршување на работа и работни задачи, согласно мерките за заштита од ширење и превенција од коронавирус КОВИД – 19,  неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година им се смета за искористен.
Воедно, Владата донесе Уредба со законска сила со цел продолжување на роковите за поднесување на барање за остварување на правата кои произлегуваат од Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување.

Поврзани новости