Во Словачка во еден ден повеќе од 1.100 закани за подметната бомба

by Fokus

Словачката полиција денеска сними повеќе од 1.100 аларми за закани со поставени бомби, главно во училиштата и банките и затоа покрена антитерористичка истрага со оценка дека таа добила „екстремни размери“.

„Денес во училиштата почнаа да пристигнуваат мејлови од 5 или 6 часот наутро“, рече Растислав Полакович, помошник началник на полицијата и посочи дека станува збор за „особено тешко кривично дело `терористички напад`“.

Полицијата на Фејсбук објави дека со полн капацитет ја проверува безбедноста на училиштата и се обидува да ги идентификува оние кои се закануваат со бомба, кои можат да бидат осудени на доживотен затвор.

Портпаролката на властите во главниот град Братислава, Лусија Форман, изјави за „Франс прес“ дека „децата се евакуирани, а полицијата работи“.

Поврзани новости