Бајден: Омразата се вкоренила во срцата на многумина, тоа бара наша континуирана будност и искреност

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во говор посветен на одбележувањето на Денот на сеќавањето за жртвите од Холокаустот, предупреди дека заканата од антисемитизам во светот расте. Тој и демократите го поддржаа нападот на Израел врз Газа, по терористичкиот напад на милитантната група Хамас на Израел на 7 октомври 2023 година.

– Никогаш повторно, едноставно преведено за мене значи: Никогаш да не се заборави. Никогаш да не забораваме значи дека мора да продолжиме да ја раскажуваме приказната, мораме да продолжиме да ја учиме вистината. Вистината е дека сме изложени на ризик луѓето да не ја знаат вистината“, рече Бајден.

Неговиот говор е на седум месеци по денот кога палестинската милитантна група Хамас го нападна Израел лани на 7 октомври, убивајќи 1.200 од израелски граѓани, според податоци на Израел. Овој напад Бајден го нарече најсмртоносниот ден за Евреите по Холокаустот.

– Оваа омраза продолжува да лежи длабоко во срцата на премногу луѓе во светот и бара наша континуирана будност и искреност. Сега тука сме, не 75 години подоцна, туку само седум и пол месеци подоцна, а луѓето веќе забораваат дека Хамас го ослободи овој терор – рече Бајден.

Поврзани новости