Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 14 случаи на заболени од корона вирусот,а биле направени 242 тестирања, информираат од Министерството за здравство.
Новите случаи се од Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6.
Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.586, бројката на оздравени пациенти е 1.099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397. Последната дистрибуција по градови е:
Направените 242 теста се преку: ИЈЗ –107, Ветеринарен ф-тет -11, Авицена –3, Биотек -38, Филип Втори (Жан Митрев) –42, Систина со PCR метода -22 и МАНУ -19. Досега во земјата се направени вкупно 18410 тестирања на ковид -19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација 4 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 20. На респираторна машина се 2 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекува 1 пациент, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 5, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово сe хоспитализирани 46 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.