Почина 61-годишен тетовец заразен со корона вирусот, регистрирани 20 оздравени пациенти

by fokus

Пациент на возраст од 61 година ја изгуби битката со корона вирусот. Тој во болница бил примен на 28 април, а од Министерството за здравство информираат дека денес починал.

-Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април, велат од министерството.

Со последниот смртен случај, бројот на починати се искачи на 90.

Оттаму информираат дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 20 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-9, Прилеп-2, Велес-7 и Битола-1.

Поврзани новости