Нови 57 ковид-случаи и еден починат

by Фокус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 808 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи на Ковид 19.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Струга, кое починало во болнички услови.

Досега, во земјата се направени вкупно 2.177.967 тестирања на Ковид 19, вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 343.722, бројот на оздравени пациенти е 333.833, на починати е 9.554 а бројот на активни случаи изнесува 335.

Поврзани новости