Непознат човек сексуално вознемирувал струмичанка, па потоа физички нападнал полицаец

by fokus

Во текот на вчерашниот ден, девојка од Струмица пријавила дека непознато лице почнало сексуално да ја вознемирува, при што побегнал, а подоцна нападнал полициски службеници.

„На 22.01.2020 во 21.10 часот во Полициската станица Струмица, Д.М.(24) од Струмица пријавила дека околу 18.45 часот во близина на спортската сала „Партизан“ во Струмица и се доближило едно лице и почнало да ја допира по телото, по што побегнало. Во 22.45 часот, полициски службеници од Полициска станица Струмица на плоштадот во Струмица го препознале лицето и при обид да го лишат од слобода, тој физички нападнал еден од полициските службеници и побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости