Нема заразени затвореници од корона вирусот, тврдат од Управата за извршување на санкциите

by fokus
Од Управата за извршување на санкциите тврдат дека во затворите нема заболени осуденици и притвореници од корона вирусот. Од Управата ја дематираат изјавата на адвокатот Насер Рауфи, дадена за порталот „Журнал“, кој вели дека има појава на заболени од Ковид -19 во затворите.

-Управата за извршување на санкциите веднаш по препораките на Владата од 10.03.2020 година донесе Наредба со која од 11.03.2020 се забранети контакти на осудените и притворените лица со надворешниот свет, а исто така превземени се сите мерки за одржување на високо ниво на хигиена, дезинфекција и сите достапни мерки за заштита, велат од Управата.

Оттаму додаваат дека новодојдените лица се сместуваат изолирано се до моментот кога ќе се утврди дека во периодот на инкубација, не пројавиле симптоми на болеста.

-Сите вработени во казнено-поправните установи исто така ги почитуваат препорачаните мерки за заштита при меѓусебните контакти и контактите со осудените и притворените лица. Доколку во било која казнено-поправна установа се појави случај со потврдена дијагноза од овој вирус, медиумите ќе бидат известени за истото и за превземените мерки к ои секако ќе бидат во согласност со препораките, велат од Управата.

Поврзани новости