Трета жртва од корона-вирусот, почина 66-годишна жена од Дебар

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес -конференција истакна дека денеска починала уште една заболена од корона вирусот. Станува збор за 66-годишната пациентка од Дебар, која подолго време беше на респираторна машина.

-И покрај сите напори на лекарите за жал таа почина. Во историјата имаше податок дека прима терапија за хипертензија, рече Филипче.

Тој посочи дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на ново заболени.

-Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1), рече Филипче.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Поврзани новости