Неделковски на обвинителна клупа, му се суди за ширење на говор на омраза

by fokus

Водителот Миленко Неделковски денеска седна на обвинителна клупа во Кривичниот суд, каде што му се суди за ширење на говор на омраза.

Тој кривично се гони за ширење расистички и ксенофобичен материјал, во врска со неговиот коментар на социјалната мрежа Фејсбук каде се ситеше на пожарите во Aтика, Грција.

Против Неделковски е поднесен обвинителен предлог и му се заканува казна затвор од една до пет години.

Фејсбук статусот поради кој е му е поднесено обвинението, предизвика осуда во јавноста поради неговата нечовечност и немање емпатија за жртвите во Атика.

Поврзани новости