На „Табановце“ за влез се чека и по два и пол часа

by fokus

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено со зголемен интензитет.

На ГП „Табановце“ за влез се чека околу 2 часа и 30 минути, а за излез се чека околу 30 минути, На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

Поврзани новости