Според последните податоци од Министерството за здравство, вкупниот број на заразени од Ковид-19 е 1.386 пациенти. Од нив, 500 се излечечени, а 61 починаа.
Од оние кои се на болничко лекување, на број 100, во моментот 12 се на респираторна машина.
На инфективната клиника во Скопје во моментот се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 5 се на механичка вентилација и 25 со потешка слика и кисородно зависни. Останатите пациенти се стабилни.
Во ГОБ „8 септември“ вкупно се хоспитализирани 29. Со потешка клиничка слика 5 пациенти, а вкупно на респираторна машина се 7.
Во Болницата во Битола се лекуваат 7 пациенти од кои 1 пациент е во тешка општа состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 9 пациенти и нивната состојба е стабилна.