Новинарот Адамчевски го победи вирусот: Лежев две недели на Инфективна, медицинските сестри се ангели чувари

by fokus

Новинарот Мирче Адамчевски е еден од оние кој се зарази со корона вирусот и имаше среќа да го надмине и да оздрави. Тој своето искуство го сподели на ммс.мк.

-Лежев на Инфективна две недели, уште две недели во изолација и конечно од утре ќе излезам да се прошетам. Заболев дома, се собравме и некој од членовите на семејството го донесе и по неколку дена се појавија симптомите. По 10 дена се зголемија, се зголеми температурата и матичниот лекар ми рече дека треба да одам на Инфективна. Поминав две недели на инфективна како средно -тежок пациент, бидејќи таму се делат на лесни, средно – тешки и тешки, раскажува новинарот.

Тој вели дека не му е познато со какви лекарства бил лекуван.

-Не знам со кои лекови бев третиран. Дневно примав  неколку инфузии и вториот ден веќе ми спадна температурата. Полека се опоравував. Морам да кажам пофални зборови за персоналот на Клиника. Морам да го споменам нивниот професионализам и односот кон пациентите полн со оптимизам и тоа во прв ред на лекарите. Но, посебно треба да се издвојат медицинските сестри, бидејќи да работиш од седум наутро, до седум навечер а голем дел од тоа време да си со заштитни маски, очила или визири и друга заштитна опрема, не е лесно. Плус пациенти во разна здравствена состојба, непекинати повици преку ден и на полноќ, болни се јавуваат, инфузии, инекции. Да не зборувам низ што се поминуваат. Во една реченица медицинските сестри се ангели чувари на пациентите, вели Адамчевски.

 

Поврзани новости