На Ременски и е одземен пасошот и не смее да го напушти Скопје

by fokus 15:15
15:15

Од Кривичниот суд информираат дека на пратеничка Фросина Ременски, осомничена во „Рекет“ и е одземен пасошот, има забрана да го напушти Скопје, но и обврска секоја недела да се јавува во суд. Истите мерки на претпазливост се одредени и за таткото на Боки 13, Миле Јовановски.

Постапувајќи по предлог на Основнот јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост за три лица, по претходно доставени покани, лицата во текот на денешниот ден, пред судија на претходна постапка се произнесоа во однос на предлогот.

- Advertisements -

Ценејќи ги фактите и доказите во предлогот како и исказите на осомничените лица, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осомничените Ф.Т.Р. и М.Ј. им определи мерки согласно член  146 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП односно, Забрана зе напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице во судот и Привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, додека за Х.Б. мерка за претпазливост согласно член 146 ст.1 т.3 – Привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот совет, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Поврзани новости