На Лога му е мило за Камчев, но им се налути на медиумите оти пишале дека одговарал само на прашањата на албански

by fokus

На министерот за правда Кренал Лога му е мило што бизнисменот Орце Камчев се најде на „црната листа“ на САД.

-Она што му се случи на господинот Камчев беше очекувано, но, всушност, правосудните органи во Македонија не го гледаат тоа, господинот Камчев е еден од главните спонзори за уништување на СЈО и неговото име се поврзува со многу други проблеми во државата денес. Мило ми е што се најде на „црната листа“ на САД, но многу ми е жал за судскиот систем во Македонија, не го видоа и продолжуваат да не го гледаат на начин на кој очекува обичниот граѓанин, рече Лога.

Ова и уште неколку други прашања Лога ги одговори на албански, а на медиумите што поставуваа прашања на македонски јазик им кажа дека не сака да зборува надвор од темата на настанот за отворање на канцеларија за бесплатна правна помош во Боговиње, откако одговори на само едно прашање.

Лога веднаш демантираше: -Со огромно жалење сакаме да ги демантираме лажните вести според кои министерот за правда Кренар Лога, наводно игнорира новинар и прашање поставено на македонски јазик. Во кoнкретниот случај, министерот Лога одговори дека прашањето треба да се шостави до Управата за водење матични книги како најповикувана инститиција. На истиот настан за сите други прашања, министерот Лога го повика новинарот да дојде во негова канцеларија за секакви други прашања надвор од денешната тема.

Поврзани новости