На Гркинките им сметаше македонското име и химна, па Македонија службено го доби мечот

by fokus

Женската ракометна репрезентација на Грција попладнево не сакаше да излезе на терен поради името Македонија на маиците на македонскиот стручен штаб, по што судијата службено ѝ го додели триумфот на Македонија.

Во салата „Кале“ каде се одржува Европското кадетско првенство, грчката репрезентација направи вистинска драма. Прво не сакаа да излезат на терен поради „Македонија“ на маиците, потоа излегоа. Но, откако почна македонската химна, тие повторно се повлекоа од теренот.

Македонската рептезенатција не попушти и не ги отстрани маиците со името Македонија, по што ЕХФ наложи да се излезе на терен. Откако грчката репрезентација не послуша, триумфот службено и беше доделен на Македонија.

ФОТО: gol.mk

 

Поврзани новости