МВР со кривична пријава за финансиско друштво, подигнат брз кредит со туѓи податоци

by Fokus

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.П.(26), Г.В.(49), двајцата од Струмица и против правно лице – финансиско друштво од Скопје, поради злоупотреба на лични податоци.

Од МВР соопштија дека жена ги злоупотребила личните податоци на друго лице за добивање на брз кредит во износ од 90.000 денари, кој ѝ бил одобрен од одговорно лицето во финансиското друштво за брзи кредити.

Случајот во полицијата го пријавила сопругата на оштетениот, бидејќи тој во моментот не бил во државата.

Поврзани новости