873
Ендрју Пјотровски од Илиноис, САД, како седумгодишно момче преку црквата во која тој одел со родителите, испратил подароци и писмо до девојче од Хрватска, и таа по 23 години решила да му одговори.
– Здраво, се викам Ендрју. Се надевам дека ти се допаѓаат играчките. Имам седум години. Сакам кошарка и сакам да си играм. Ти? Среќен Божик, напишало момчето пред 23 години.
Подароците ги добила Кристина Бруњаи, која го нашла на Фејсук и му пишала минатиот месец. Пред 23 години, Хрватска беше во воена состојба, па подароците и писмото нејзе навистина и значеле.
– Ми напиша дека тогаш се почувствувала како некој навистина да се грижи за неа, напиша тој на Фејсбук.