Мицкоски: Трчаа по провизии наместо по вакцини

by fokus

Пред 45 дена не убедуваа по петти пат дека во август или најдоцна на почетокот на септември ќе прогласеле победа над епидемијата, а денес имаме нови 588 заболени и 8 починати, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Трчаа по провизии од сомнителни азиски посредници и наместо да се борат да обезбедат вакцина плус тие нудат мерки како во времето на средината од 20 век. Го поделија народот за пусти пари и власт. Новиот пакет на анти ковид мерки го дели народот и не помага“, напиша Мицкоски на фејсбук.

Тој додава дека ќе има одговорност, затоа што, според него, за повеќе од 2 месеци граѓаните ќе се изјаснуваат на избори.

Поврзани новости