Грчките ученици ќе мора да носат документ за ковид 19 од септември

by Fokus

Со физичко присуство на учениците и студентите, но и со задолжителен документ за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 или негативен тест, на 13 септември ќе почне учебната година во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за образование на Грција, денеска ги соопштија детали за начинот на кој учениците ќе се вратат во училишните клупи и студентите во амфитеатрите.

Одлуките се согласно соодветните препораки од надлежната комисија на епидемиолози.

За просветните работници, односно за наставниците и професорите, како од училиштата, така и од универзитетите задолжителен е сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 во последните шест месеци или негативен лабораториски тест два пати седмично, што ќе биде на нивни товар, а истите правила важат и за студентите.

Поврзани новости