Мицкоски смета дека Петков не е храбар политичар

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека новиот бугарски премиер Кирил Петков не е храбар политичар.

-Зошто ова го кажувам? Затоа што ако неговата политичка кариера е пред интересот да има добрососедски односи со неговиот западен сосед кој што многу одамна требаше да ги започне преговорите со Европската Унија, бидејќи народот тоа го заслужи, а не оваа влада која што е сега, тогаш тоа е нечесно, лицемерно и во најмала рака можам да констатирам дека станува збор за човек кој не е храбар, кој што неговиот кариеризам е пред европските вредности, и тоа за мене е разочарувачки, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Македонското радио.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека врз основа на информации со кои располага доколку целосно или делови од Резолуцијата која беше усвоена од Бугарскиот парламент во ноември 2019та година, а потврдена од бугарската влада не влезат во тој документ кој евентуално би се потпишал од македонската страна или би бил дел од преговарачката рамка во пред пристапните преговори, тогаш Македонија не би добила зелено светло за отпочнување на преговорите.

Поврзани новости