Мицкоски: Кој му се заканувал на сведокот од тетовската болница кој сведочи дека му барале мито?

by fokus

Сведоштво дека во изгорениот ковид центар во Тетово, наспроти тврдењата за бесплатното здравство на Заев и Филипче се барале пари за нега на пациент, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Но она што е вистинска катастрофа се заканите по живот кон Ибин Емшиу да не сведочи за фрапантната вистина, за мувлосаниот и скапан здравствен систем кој доведе до катастрофа.

Прашањето е кој се заканувал?

Кој сака на овој начин да се убие вистината и кому тоа му одговара?

За да не влијаат на истрагата бараме веднаш оставки од Хасани, Филипче и Заев, кои патем да напоменам не чувствуваат ниту морална одговорност. Луѓе од крв и месо? Не би рекол, само алчни за фотелји и тендери“, додава Мицкоски.

Поврзани новости