Филипче ќе биде на функција се додека не завршат сите постапки, кажа премиерот

by Fokus

Премиерот Зоран Заев рече денеска дека немал никакви информации во врска со надзорот на изградбата на модуларната болница што изгоре во Тетово.

-Станува збор за модуларни објекти, проект на Светска банка спроведен преку Министерството за труд и социјална политика преку кредитната линија за потребите на социјалните предмети во земјата и во одговорноста за здравствениот систем, објасни Заев.

На новинарско прашање дали министерот во оставка Венко Филипче и натаму доаѓа на работа, Заев одоговори:

-Филипче доаѓа на работа, се додека правно не бидат завршени сите работи, и до доаѓање на нов министер  и тој и другите раководни лица што поднесоа оставки ќе ги извршуваат обврските, рече Заев.

Поврзани новости