Министерот за здравство на Израел заразен од корона вирус

by Fokus

Многу израелски официјални лица се во самоизолација откако беше потврдено дека министерот за здравство, Jaков Лицман, кој исто така бил во чест контакт со претседателот Бенјамин Нетанјаху, е позитивен на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство на Израел.

Речиси 7.000 лица во таа држава се позитивни на Ковид-19, додека бројот на починати од тој вирус е 34.

Големата ултра-ортодоксна заедница, во која Лицман исто така е член, е најпогодена од епидемијата на корона вирусот. Многумина од нив првично ја прекршуваа забраната за движење, но се чини дека, откако се зголеми бројот на пациенти, тие ги прифатија препораките на владата, јавија американски медиуми.

Поврзани новости