Истражување: Корона вирусот може да се справи со релативна влажност од 50 отсто

by Fokus

Новиот корона вирус Ковид 19 се пренесува од болни на здрави лица многу поретко при релативна влажност на воздухот од 40 до 60 отсто отколку при пониска или поголема влажност.

Истражувањето на американски и швајцарски научници за влажноста што го ослабува вирусот е објавена во Годишниот преглед на вирологијата, цитиран од Универзитетот Јеил.

Експериментите со глувци покажале дека вирусите како САРС-КоВ-2 можат најлесно да се справат со релативна влажност од 50 отсто. Сувиот ладен воздух најмногу придонесува за заболувања со Ковид 19.

Научниците сметаат дека истражувањето им дава можност да направат врска помеѓу времето и ширењето на болеста. Тие повикуваат во текот на зимата да се користат навлажнувачи на воздухот и да се избегнуваат затворени места со слаба вентилација затоа што оваа инфекција главно се пренесува преку контакти на луѓето.

Во март, Медицинскиот центар на Универзитетот Стенфорд објави дека речиси секој петти заразен со новиот корона вирус се заразува и со други респираторни вируси.

Поврзани новости