Милошоски не отстапува: Дали и хрватското МНР шири лажни вести?

by fokus

Дали тоа и Хрватската МНР Пејчиновиќ Буриќ шири лажни вести дека неколку ЕУ-земји се противат на добивањето на датум? прашува Антонио Милошоски, кој вчера објави информација дека седум членки на ЕУ биле против отворање на преговори со Македонија.

Од СДСМ го обвинија дека шири лажни вести и побараа да даде оставка од пратеничката функција.

Милошоски цитира изјава на Пејчиновиќ каде вели: „Во 2018 поголемиот дел од земјите членки заговараа да почнат преговори со Македонија и Албанија. Меѓутоа факт е дека не можеа да се согласат на таков текст. За жал сега бројот на држави кои имаат резерва кон ова прашање е поголем“.

Од друга страна претседавачот на ОБСЕ и шеф на словачката дипломатија Мирослав Лајчак вчера од Скопје рече дека земјите членке немале проблем со нас, туку дека имале проблем со Албанија.

Поврзани новости