Милевски: Со членство во НАТО ќе решиме едно безбедносно прашање, но ризиците се секој ден

by fokus

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски  на меѓународна конференција за иновациите во областа на безбедноста, во рамките на пристапувањето на Македонија во НАТО „Innovative Europe, Security Hackathon“ истакна дека нашата цел не е само зачленување во НАТО, туку и оспособување за справување со безбедносните ризици.

– Вистина ќе решиме едно безбедносно прашање со нашето членство во НАТО, меѓутоа не смееме како држава тука да застанеме и со тоа да бидеме задоволни, бидејќи безбедносните ризици се секој ден. Ние како држава треба да бидеме проактивни, да ги согледуваме проблемите, можните ризици кои ќе следат и да даваме соодветни решенија, посочи Милевски.

Поврзани новости