Мијалков не дојде на судење за „Таргет-Тврдина“

by fokus

Екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков утрово не беше спроведен од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари до Кривичниот суд, каде е закажано рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ поврзан со масовното прислушување.

– Поради краткиот временски период судот нема издадено навремено наредба за спроведување на обвинетиот од затворот и се одложува денешната расправа – рече судијката Џенета Бектовиќ.

Наредното рочиште за овој предмет е закажано за 4 декември. Мијалков вчера во синоќешните часови заврши во затвор откако судот за овој предмет му определи мерка притвор поради опасноста од бегство.

Поврзани новости