Маж пуштил машина за перење и таа екплодирала, детали за пожарот во Аеродром

by fokus

МВР излезе со детали за пожарот кој утринава изби во стан на улицата „Трета Македонска Бригада“ во Аеродром. Според полицијата сопственикот на станот во 05.00 часот утринава пријавил во полициска станица дека има пожар во неговиот стан.

„Додека бил во неговиот дом ја вклучил машината за перење и потоа слушнал екплозија од купатилото, при што машината се запалила. Ј.П.  се обидел да го изгасне пожарот но не успел, па ја повикал  Бригадата за противпожарна заштита и пожарот бил локализиран“, велат од полицијата.

Поврзани новости