Матура мора да има, вели МОН

by fokus

Образованието мора да продолжи да тече дури и во услови на пандемија, бидејќи се работи за иднината на младите генерации. Државна матура треба да има затоа што со неа се заокружува стекнатото знаење и она што е многу важно ги насочува учениците во понатамошниот образовен процес, соопшти Министерството за образование и наука во врска со протестот кој попладнево пред МОН го организира Средношколски глас.

МОН во реакцијата наведува дека нема да дозволи пандемијата да се одрази на развојот и напредокот на учениците, а со тоа и на иднината на нашата држава. Иако оваа година сите се соочуваме со нови предизвици, посочува МОН, со огромен ангажман и посветена работа на наставниците, учениците и родителите обезбеден е континуитет во образовниот процес.

Поврзани новости